(ГАЛЕРИЈА) На мисицата Меган Јанг ќе и биде одземена титулата „Мис на светот“?

Убавата Филипинка, Меган Јанг, која пред два дена беше прогласена за најубава девојка во светот, се фотографирала топлес за списанието „Rouge“, што не е во согласност со правилта на изборот за „Мис на светот“.

Правилата на овој избор наложуваат, се што има врска со голотијата, да не е прифатливо со натпреварот.

Само неколку часа откако 23-годишната Филипинка Меган Јанг ја понесе титулата „Мис на светот“ пристигнуваат и причините зошто ги прекршила правилата на споменатиот избор и прашање е дали поради тоа ќе ѝ биде одземена титулата.

На изборот учествувале 129 убавици од целиот свет, а Меган од првиот ден на подготовките била најголем фаворит, што на крајот на натпреварот се покажло како оправдано. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top