ГАЛЕРИЈА: Официјално пуштен првиот фудбалски терен со вештачка трева во Ѓорче Петров

На свеченото отворање присуствуваше претседателот на Владата на Република Македониј Никола Груевски.

Фудбалската Федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „хет трик“ програмата за равој, а во соработка со институциите, денеска во општина Ѓорче Петров официјално го пушти во употреба, „Македонски Лавови“, првиот фудбалски терен со вештачка трева, дел од проектот за поставување  на десет  фудбалски терени со вештачка трева во различни општини во Македонија.

На свеченото отворање присуствуваше  претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски,  директорот на агенцијата за млади и спорт, г-дин г. Марјан Спасески, Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Сокол Митровски како и г-дин  Давид Патриашвили, претставник од УЕФА.

Инвестициите во развој на фудбалската инфраструктура се клучни за развојот на фудбалот.

 Првиот терен на кој е инсталирана вештачка трева  е овој, во општина Ѓорче Петров, општина која прва ги заврши превземените обврски околу подготовката на подлогата за поставување на вештачката трева.  

Со ова општината ја докажа својата посветеност кон спортот како поле каде треба да се докажуваат младите таленти. Ние во Фудбалската Федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите  категории, па сѐ до професионалниот фудбал. 

Со инсталирањето на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров, а потоа и во останатите градови во Македонија ќе придонесеме многу повеќе млади луѓе да го засакаат фудбалот, да тренираат во одлични услови, што севкупно ќе значи популаризација нa фудбалот, и да се надеваме појава на многу нови фудбалски таленти, нешто што отсекогаш било наша одлика.

Нека нѐ обедини радоста што ја носи фудбалот – Изјави претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски на отворањето на првиот вештачки терен.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top