Гатузо ретерира: Поразот од Јуве е разочарување за нас, но на играчите им реков…

Џенаро Гатузо конечно ретерираше на крајот од сезоната, откако им стана јасно дека неговиот Милан нема да се квалификува за ЛШ идната сезона..

Откако го презема клубот пред неколку месеци, „Росонерите“ имаа големи шанси уште да изборат пласман во ЛШ, но развојот на настаните ги остави во ситуација сега да стравуваат и за пласман во ЛЕ.

По почетните изјави на Гатузо дека е важно да се пласираат во ЛШ, сега тој ретерираше со ставот, односно сега тврди дека е важно да се најдат во Лига Европа идната сезона.

Куп финалето против Јуве беше разочарување за нас, посебно поради многуте фанови кои не подржуваа. Од моја страна, јас решив да останам смирен, бидејки се уште имаме две финалиња до крајот во Серија А. Им реков на играчите да го остават поразот од Јувентус зад себе и да се фокусираат на она што ни следува. Имаме должност, Милан мора да се квалификува во Лига Европа“.

Но прашање е дали и каков буџет Гатузо ќе добие од сопствениците на Милан ова лето, бидејки познато е дека Лига Европа не им носи спектакуларен профит.

Милан на две кола до крајот, е на 6. позиција со 60 бодови, за директен пласман во ЛЕ немаат шанси бидејки таму е Интер со 69 бодови, но мора да ја задржат предност од бод предност пред Аталанта која е на 7. позиција.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top