Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат

Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не на „оние кои ќе платат повеќе“..

– Ако едноставно дозволиме лековите и вакцината да одат кај оние кои ќе платата најмногу, наместо кај луѓето и на местата каде што се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и посмртоносна пандемија, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката емитувана за време на виртуелната конференција за коронавирусот што ја организираше Меѓународното здружение за борба против Сида.

– Лидерите треба да ги донесат овие тешки одлуки за дистрибуција врз основа на еднаквост, а не само на фактори кои ги утврдува пазарот, истакна Гејтс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top