Георгиевски: Бугарскиот ултиматум значи укинување на договорот за добрососедство

Фејсбук статус на поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска на својот Фејсбук профил ги коментираше најновите услови кои ги постави Бугарија за поддршка на Македонија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Според него, новиот ултиматум значи укинување на Договорот за добрососедство.

„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top