Георгиевски: Република Горна или Северна Македонија не се драматични предлози

Македонија е таа која треба да направи компромис во спорот околу името со Грција, смета лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски..

- Грција ја злоупотребува својата позиција, ние принципиелно сме во право, меѓутоа злоупотребувајќи ја својата позиција, Грција ја смени комплетно политиката на НАТО и на земјите на ЕУ. Сега и тие стојат зад неа, значи не се тоа само позиции на Грција туку тоа се веќе позиции на НАТО земјите и на земјите членки на ЕУ. Сега картата е кај нас и ние треба да го направиме компромисот. Она што се предлози од типот Република Горна Македонија или Република Северна Македонија за мене ништо не е драматично - вели Георгиевски во интервју за 24 Вести.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top