Георгиевски: Во ВМРО-ДПМНЕ има многу луѓе кои порано многу храбро зборуваа за заедничка историја со Бугарија

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека има многу луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои порано зборувале за заедничка историја со Бугарија, а сега во јавноста презентираат некои сосема други ставови..

- Во ВМРО-ДПМНЕ има многу луѓе кои порано многу храбро зборуваа за таа општа, заедничка историја со Бугарија. И сега ми е чудно кога ќе ги слушнам ставовите кои ги изнесуваат во медиумите.

Еден мој пријател кој 30 години ми беше близок соработник, пред две години се разделивме и тој отиде во ВМРО-ДПМНЕ. Го слушам на интервју како вели дека Заев ќе го продаде Гоце Делчев на Бугарите. А, можам да донесам  барем 100 луѓе кои тој ги убедувал дека имаме заедничка историја со Бугарија, вели Георгиевски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top