Германците подобри од Чешка, Швеѓаните го избегнаа последното место во групата

Ракометната репрезентација на Германија со триумф (26-22) над Чешка го потврди третото место во групата и ќе игра против Португалија во дуелот за петтата позиција на ЕВРО 2020..

Селекцијата на Прокоп на полувремето имаше три гола предност (13-10), а до крајот успеа и да ја зголеми. Вебер со пет гола беше најефикасен во победничкиот тим.

Шведска го совлада Исланд со 32-25 и го избегна последното место во главниот групен сегмент. Швеѓаните решија речиси се по првиот дел кога обезбедија водство од 18-11. Нилсон со седум гола беше најдобар стрелец во шведскиот состав.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top