Германија бара 19.000 полицајци од странство

Германците ќе вработуваат странци како полицајци.

Полицијата во Берлин наведува  дека тие би можеле да почнат да регрутираат вработени од странство, особено од други земји на Европската унија. Причината е недостиг на кандидати, јави ДПА.

– Потенцијалните кандидати од другите земји на ЕУ ќе добијат интензивна обука за германски јазик – изјави шефот на полицијата на Берлин, Барбара Словик.

Таа рече дека регрутирањето доволно соодветни кандидати може да биде тешка задача, и дека полициската кариера треба да се направи поатрактивна.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top