Германија бара работници: возачи и носачи на ковчези

Некогаш, како што пишуваат медиумите, пракса беше оваа задача да ја превземаат најблиските или пријателите, но сега работите се променети..

Во Германија секој ден има сѐ помалку има носачи на ковчези, па нивните места се пополнуваат од студенти, пензионери, предупредуваат погребалните претпријатија.

Иако нивното отсуство не влијаело за одложување на некој погреб, сепак тоа е евидентно, изјавил Кристиан Јаегер, директор на Здружението на погребални претпријатија во Северна Рајна-Вестфалија.

Некогаш, како што пишуваат медиумите, пракса беше оваа задача да ја превземаат најблиските или пријателите, но сега работите се променети.

Сега, пензионерите или студентите кои што сакаат да заработат дополнителни средства, работат и како носачи на ковчези.

Според Мајкл Волш, од погребалното претпријатие „Вебер“ во Дортмунд, постарите носачи се соочуваат со некои проблеми. Луѓето денес се многу потешки и заедно со цвеќињата и ковчегот, шест носачи честопати треба да подигнат 100 килограми.

Пограбалните претпријатија во Германија не ангажираат свои носачи затоа што тоа финансиски не им се исплати.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top