Германија депортираше 69 Авганистанци

Германските власти соопштија дека депортирале 69 Авганистанци чиишто барања за азил биле одбиени..

Во раните утрински часови на еродромот во Кабул слета авион кој од Минхен ги превезувал Авганистанците, а како што наведе новинската агенција АП, се работи за досега најголемата групна депортација организирана од Германија.

Министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија, Јоахим Херман, го поздрави депортирањето и додаде дека германските сојузни власти неодамна одобриле неограничена депортација во Авганистан.

Претходните години депортациите кон Авганистан беа ограничени на лица кои се осудени за кривични дела.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top