Германија ги повика своите граѓани да го напуштат Ирак

Ситуацијата е алармантна бидејќи борбите се закана не само за Ирак, туку и за целиот регион.

Германија вчера упати апел до своите граѓани веднаш да ги напуштат нестабилните региони во Ирак, вклучително и главниот град Багдад.

Берлин предупредува дека пред се треба да се напуштат ирачките провинции Анбар, Ниневија и Салах ал Дин, како и Багдад. Германските власти изразија загриженост и поради ситуацијата во провинциите Дијала и Киркук.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер истакна дека настаните во Ирак претставуваат драматчно влошување на ситуацијата.

- Ситуацијата е алармантна бидејќи борбите се закана не само за Ирак, туку и за целиот регион, кој е дисбалансиран од војната во Сирија, посочи Штајнмајер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top