Германија и САД ќе потпишат договор за заемно нешпионирање

Договорот, би можел да биде потпишан на почетокот од следната 2014 година.

Германија и САД имаат намера наскоро да склучат договор за забрана на заемното прислушување, пишува неделното издание на весникот Frankfurter Allgemeine.

Договорот, според кој САД и Германија би го спречиле заемното прислушување на владите и нивните граѓани, би можел да биде потпишан на почетокот од следната 2014 година, во согласност со договорот на делегацијата на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и нивните домаќини во Белата куќа во Вашингтон кон средината на седмицава.  

Меѓутоа, најавата на билатералниот германско-американски договор не наиде на одушевување во Европскиот парламент. 

„Американците сакаат со тој договор да ја намалат загриженоста поради активностите на Агенцијата за национална безбедност (NSA), а притоа да не се промени ништо во системот за масовна контрола", изјави за весникот пратеникот на партијата на Зелените во Европскиот парламент, Јан Филип Албрехт. 

Тој стравува дека со тој билатерален договор би можеl да биде згрозен заедничкиот настап на Европската унија кон САД. 

Германската влада во меѓувреме потсети дека ЕУ, кога станува збор за овие прашања, не е ефикасна, бидејќи не поседува единствена разузнавачка агенција. Покрај тоа, официјален Берлин тврди дека не се сите европски држави во иста мера погодени од овој проблем. Билатералниот договор, оттаму, е единствениот начин за постигнување брзо решение, тврди германската влада.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top