Германија и САД со сомнежи за квалитетот на руската вакцина

Сомнежи за квалитетот и безбедноста на руската вакцина против коронавирусот изрази Германија..

Според германското министерство за здравство истакна дека лекот може да се регистрира во Европската унија само по сите клинички испитувања.

Безбедноста на пациентите е најголем приоритет. Нема податоци за квалитетот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина – рече портпаролот на министерството за здравство за германската мрежа РНД.

А, главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи вели дека има сериозни сомнежи дека вчера одобрена вакцина против коронавирус во Русија е безбедна и ефикасна.

„Се надевам дека Русите дефинитивно ќе докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна“, изјавил главниот американски епидемиолог Фаучи.

Сериозно се сомневам дека е така“, рече Фаучи во изјавата за телевизијата еј-НБЦ Њуз. Тој потсети дека има разлика кога некој има вакцина и кога таа е безбедна и ефикасна.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top