Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од коронавирусот..

„Оние што сакаат целосна настава не можат да ја избегнат задолжителната употреба на маски“, рече Мејдингер.

Тој изјави дека во повеќето делови на Германија, се бара да се носат маски во супермаркетите, јавниот превоз и на големи собири, но не и во училиштата, пренесува АП.

Засега, само во Северна Рајна-Вестфалија, учениците и наставниците се должни да носат маски за време на часовите, но и некои други германски држави размислуваат за воведување на оваа мерка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top