Германија супериорно до првите бодови во главната рунда

Во првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство Германија беше убедлива во дуелот со Белорусија совладувајќи ја со 31:23..

Германците доминираа во текот на целиот натпревар. Беа во постојана предност која на моменти изнесуваше и осум погодоци, разлика со која и го завршија вечерашниот дуел.

Белорусите имаа дури 16 загубени топки, а добрата игра на Германците беше крунисана и со 12 интервенции на голманот Андреас Волф.

Белорусија на половина од второто полувреме имаше можност да ја врати неизвесноста во мечот, но је искористија и Германија повторно ја зголеми предноста за конечен триумф од 31:23.

Најефикасен во составот на Германија со шест гола беше Тимо Кастенинг, а четири погодоци беа дело на Филип Вебер.

Во редовите на Белорусија прв стрелец со шест гола беше Владислав Кулеш.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top