Германски дипломат предупредува дека светот е во опасност од нова голема војна

Шефот на Минхенската везбедносна конференција Волфганг Ишингер предупреди на опасност од нова голема војна..

Како објаснување, Ишингер го наведе тоа дека, како што тврди, секаде на светот некој мисли дека може сопствените цели самостојно да ги оствари.

Тој во емисијата Велтшпигел на германскиот јавен сервис АРД, кажа дека секој што сака да ја зачува климата мора да се погрижи и да нема нови војни.

Истовремено истакна дека актуелната ситуација е многу опасна, бидејќи владее целосен недостиг од доверба и губење на контролата на вооружувањето.

Советот за безбедност на ОН, според него, често е блокиран, а и другите институции не функционираат доволно добро, бидејќи секаде во светот некој мисли дека може споствените цели самостојно да ги оствари.

Овој проблем, според него, го погодува и НАТО.

„Всушност, загрозена е иднината на Западот. Постои ли сѐ уште Западот?“, праша Ишингер.

Тој оцени и дека утрешниот самит на НАТО ќе биде само симболичен акт по повод прославата на 70 години постоење.

„Нема да има никакви одлуки, но многу експерти ќе укажат на актуелната состојба на воениот пакт“, кажа Ишингер.

Тој истакна дека мора да се постави прашањето дали целите и методите со време се менуваат.

„Така НАТО не е „баждарен“ за судир со Кина, односно и ден денес е фокусиран на Русија. Меѓутоа, погледот на Кина драматично се смени. Додека Кина пред неколку години во Германија беше гледана како одличен пазар за извоз, денес стана глобално-политички играч“, вели Ишингер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top