Германски Шпигл: Меркел е мајка за Германците

Ангела Меркел докажа дека е повеќе од политички лидер.

Германскиот магазин „Шпигл“ пишува дека со последната победа на изборите во Германија, Ангела Меркел докажа дека е повеќе од политички лидер, и дека таа за Германците претставува „мајка“.

Според магазинот, кога пред 13 години Меркел дојде на чело на партијата, многу малку биле тие кои верувале дека таа долго ќе остане во политиката, а со победата, таа станала повеќе.

„Германија и припаѓа на Меркел на начин на кој долго време не постоел, дури од времето на обединувањето, кога канцелар беше Хелмут Кол“, пишува весникот.

Според изборните резултати, Меркел освои 42 отсто од гласовите, најдобар резултат од 1990 година, кога Кол освои 43,8 осто.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top