Героски ја отвори аферата “Рекет 2”

Македонија пред нов скандал тежок 11,5 милиони евра..

Новинарот Бранко Героски кој ја откри аферата „Рекет“ денеска објавува нова афера во која се инволвирани директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Во аферата наречена „Рекет 2“ против Дончев и Филипче е поднесена кривична пријава, од оштетената скопјанка Вера Иванова која тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од кривичниот законик.

Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и буџетот на Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Во аферата „Рекет 2“ шведската компанија „Диаверум“ е одвратена од намерата да инвестира во Македонија а оштетена е приватната здравствена установа „Диамед“,.

Подносителот на пријавата, чиј правен застапник е адвокатското друштво Давидовиќ и Јанковиќ, тврди дека Дончев, како организатор на кривичното дело, како и Филипче, како негов помагач, при своите постапки не се раководеле од државните интереси, туку од намерата да стекнат лична имотна корист.

Дополнително, оштетената Иванова тврди дека со нивните дејствија е нарушен нејзиниот беспрекорен углед граден со долгогодишна макотрпна работа во здравствениот сектор, а оштетен е и угледот на државата која се бори за привлекување странски инвестиции.

На Јавното обвинителство, каде што е поднесена пријавата, е да оцени дали овие сериозни обвинувања се точни, пишува Героски за аферата која е тешка 11,5 милиони евра а во која освен македонската и шведската фирма штета има и Република Македонија но и бубрежно болни пациенти .

Адвокатите на оштетената Вера Иванова својата кривична пријава ја поткрепуваат со документација и со писмена евиденција за преписката во која се допишуваат министерот, странскиот инвеститор и шведскиот амбасадор. од таа кореспонденција, тврди пријавувачот, јасно се гледа намерата на пријавените Дончев и Филипче да се спречи странската инвестиција во Македонија, со цел остварување имотна корист преку злоупотреба на нивните функции. затоа, подносителот на пријавата бара јавното обвинителство да ги преземе сите мерки согласно со законот.

Во аферата „Рекет 2“ кривична пријава против директорот на Фондот за здравство Дончев и министерот Филипче

Целата информација на овој линк на плусинфо.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top