Ги собрал сите пари, во касата оставил само 106 денари – за разрешениот поп од Струмица проговори Епископот Јаков

Вчера Струмичката епархија донесе одлука со која му се изрекува забрана за свештенодејство на отец Боро Милчев, поради непочитување на редот и уредбите на парохиската дејност при уставот на МПЦ-ОА..

Против него ќе биде покрената и дисциплинска одговорност пред Епархискиот црковен суд на Струмичката православна црква, соопштија синоќа од Струмичката Епархија.

Боро Милчев потоа се огласи за некои медиуми со оправдување за некакви притисоци кон него. Овие негови тврдења ги демантираше Викарниот епископ Стобиски господин Јаков.

Тој денес на прес-конференција соопшти дека свештеникот Боро Милчев, почнал да зборува за притисоци откако била направена редовна ревизија во храмот каде тој беше назначен за старешина и со која откриле низа неправилности во работењето.

,,После приближно дваесет години служба на овој свештеник во истиот храм, ние во црковната каса во една од нај посетените цркви во Струмица најдовме само 106 денари и пиш тол. Пи штол во црковна каса, прашувам што ќе му е пи тол на свештено лице , а уште тоа да го држи во црковниот храм! Тој си го зема, заради тоа што имаше дозвола за него, нам ни останаа само 106 те денари и речиси празните каси”, вели г.Јаков Викарен епископ Стобиски.

Според владиката Јаков не биле точни ниту изјавите дека свештеникот имал притисок во житијата што тој ги подготвувал македонските светители да ги пишува како словенски.

,,Житијата, можете да проверите, се издадени , сите од јануари до октомври токму од Струмичката православна епархија со благослов на митрополитот струмички господин Наум, освен последните две за Ноември и за декември.

Тоа е после ревизијата за која што ви зборувам кога всушност откривме дека авторските права не припаѓаат на Струмичката епархија, туку на лицето Боро Милчев и на печатницата Европа 92 за што испративме допис до печатницата понатаму, во следните изданија да не го користат името на Струмичка Православна епархија”, вели г. Јаков, а пренесе Сител.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top