Гигс: Клубовите од Премиер лигата имаа само двајца играчи од светска класа во Лигата на шампиони сезонава

Легендата на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс вели дека од Премиер лигата имало само двајца играчи од светска класа сезонава во Лигата на шампиони..

И дека ниту еден од нив не остана во натпреварувањето, откако Лестер остана единствен англиски тим во четвртфиналето.

Тотенхем не успеа да излезе од групата, Арсенал дожиева дебакл против Баерн Минхен и Манчестер Сити беше елиминиран од Монако поради повеќе голови на гости.

– Изгледа дека најдобрите играчи се сконцентрирани на друго место, а во премиерлигашките клубови има малку водечки играчи. Освен Серхио Агуеро и Алексис Санчез, не ми текнува друг играч од светска класа во составите на англиските тимови во Лигата на шампиони сезонава. Иако Лестер успеа да стигне најдалеку, чудно е кога ќе помислиш колку такви играчи има во Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен. За да ја освоиш Лигата на шампиони, потребни ти се тројца или повеќе такви играчи – вели Гигс.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top