Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд на турнеја во Австралија - Картите се веќе респродадени!

На турнеја во Австралија за скоро време заминуваат Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд. Ова ќе биде 4-та по ред за нив турнеја во Австралија, а картите за повеќето концерти се веќе распродадени..

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд заминуваат на голема турнеја во Австралија. Ѓоко при гостувањето во емисијата “Промо” истакна дека се подготвени, а менаџерите јавуваат дека картите за повеќето нивни концерти се веќе распродадени.

-Ние сме подготвени, веќе долго време наназад правиме проби и за нашите настапи како би требало да изгледаат таму спремаме репертоар. Но пред се што ме радува во врска со турнејата во Австралија, се слушаме со нашиот менаџер Влатче кој ни пренесе дека концертите веќе се распродадени. За шест концерти мислам дека е веќе напишано SOLD OUT.-вели Јовиќ.

Тие ќе одржат концерти во повеќе градови низ Австралија, а ова ќе биде 4-та по ред заедничка турнеја на Ѓоко и Енерџи. Со оглед на тоа што настапуваат пред нашите македонци кои важат за најпозитивна публика, нивните очекувања се дека ќе биде весело и дека прекрасно ќе си поминат и овој пат.

-Моите очекувања се како и секогаш. Дефинитивно најпозитивната публика,  највеселиот народ. Јас мислам насекаде каде настапуваме и кадешто ги има нашите македонци тоа мора да биде весело и расположено на највисоко ниво, секогаш.-додава тој.

Ѓоко вели дека не постојат зборови со кои може да ја опише гостопримливоста на нашинците во Австралија. На нивните претходни турнеи, тие секојдневно биле поканети на гости кај нив, а за возрат кога нашите ќе дојдат во Македонија се пречекани на високо ниво од страна на Ѓоко и неговиот бенд.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top