Ѓоковиќ се жали на високите температури на Австралија Опен: Тенисот стана бизнис, а не спорт

Србинот објасни „дека бил на апсолутниот лимит“ на теренот поради високите температури во Мелбурн..

Во четвртокот, термометрите покажуваа 39 степени Целзиусови, а подот на теренот зрачеше уште повеќе топлина, што доведе до поплаки од тенисерите кои играа во раната сесија.

„Нашиот спорт стана индустрија. Тоа веќе е повеќе бизнис отколку спорт и понекогаш не ми се допаѓа. Се разбира, ние сме благословени да имаме огромна финансиска компензација, живееме убав живот и сме благодарни за тоа. Но, во исто време најважното нешто е здравјето. Верувајте ми, не знаете што доживуваат тенисерите при 39 степени и неколку часа на теренот“, рече Ѓоковиќ, кој помина речиси 3 часа под жешкото сонце.

Според него, многу тенисери се чувствуваат лошо на вакво време и тешко се движат по теренот.

Предвидувањата за утре се температури до 42 степени, што ќе претставува уште посериозен тест за тенисерите. Ѓоковиќ побара да се разгледа како да се избегнат такви услови.

Србинот, кој е претседател на Советот на играчите, пред неколку дена побара конструктивен разговор за зголемување на распределбата од наградни фондови. Ѓоковиќ и неговиот заменик, Кевин Андерсон, побараа играчите кои се пониско пласирани на АТП листата да добијат повеќе пари за да обезбедат подобра иднина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top