Ѓукановиќ: Во Белград е формирана антицрногорска коалиција

Претседателот на Црна Гора и лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ ја продолжува предизборната кампања..

Тој порача, апострофирајќи ја Српската православна црква, дека нема да дозволи „мрачната идеологија од средниот век“ да се нуди како светилник за иднината на црногорското општество.

Ѓукановиќ изнесе тврдење дека опозициска, „антицрногорска коалиција“ е формирана во Белград и дека на изборите нудат „Црна Гора да се откаже од себеси и од својата европска иднина и да застане под чадорот на Белград и Москва“.

Тој додаде дека против Црна Гора се води „медиумска и политичка војна“, а неодамнешните автомобилски протести ги окарактеризира како „карикатурални“.

Со тие автомобилски протести, како што тврди Ѓукановиќ, се заканува да се пренесе „антицрногорското расположение“ на што повеќе граѓани во Црна Гора.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top