Гласајте за мене ќе ви дадам вијагра!

Кандидат на парламентарните избори во тајландската покраина Патум, северно од Банкок, ги купувал гласовите на постарите граѓани со „вијагра“.

Сајан Нопча, кандидатот  на Народната партија  (ППП), изјавил дека лекот кој се користи за лечење на сексуалните дисфункции кај мажите им бил поделен на постарите гласачи.

- Тоа е лош начин на купување на гласови, рекол Сајан.

Според новиот закон за избори во оваа земја, тој што дава и тој што прима мито за добивање гласови може да се соочи со кривична пријава. 

Кандидатите можат да бидат дисквалификувани, а нивните партии распуштени, а гласачот кој ќе прифати пари или подароци може да биде осуден на една до 10 години затвор.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top