Главни точки на заедничката декларација од Самитот на НАТО во Брисел

Лидерите на државите на НАТО вчера го одобрија заедничкото соопштение на Самитот на Алијансата во Брисел. Погледнете ги главните точки во документот..

ПОТВРДЕНА КЛАУЗУЛАТА ЗА ВЗЕМНА ЗАШТИТА

Секој напад врз еден сојзуник ќе се смета како напад врз сите нас, како што предвидува Членот 5 од Вашингтонскиот договор.

Ќе продолжиме да се држиме заедно и да дејствуваме заедно врз основа на солидарност, заеднички цели и праведна размена на товарот.

ТРОШОЦИ ЗА ОДБРАНАТА

Ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност во сите аспекти на Ветувањето за инвестиции во одбраната, договорено на состанокот во Велс во 2014 година, и да се донесат сигурни национални планови за негово спроведување, вклучувајќи и упатства за трошење до 2024 година, планирани можности и придонеси.

 	НАТО.

РУСИЈА

Продолжуваме да реагираме на влошената безбедносна ситуација преку подобрување на нашата состојба на одвраќање и одбрана, вклучително и преку зголемено присуство во источниот дел на Алијанса.

Освен тоа, иако продолжува замрзнувањето на целата практична цивилна и воена соработка меѓу НАТО и Русија, остануваме отворени за политички дијалог. НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија.

УКРАИНА

Категорично ја осудуваме незаконската и нелегитимна анексија на Крим од страна на Русија, која не ја признаваме и нема да ја признаеме.

ТЕРОРИЗАМ

Ќе продолжиме да ги подобруваме нашите способности и технологии, вклучувајќи и заштита од импровизирани експлозивни направи и хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани и злоупотребата на модерните технолгии од страна на терористите.

СТАРТ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ

Ќе обезбедиме високо квалификувани и високо способни национални сили со висок степен на подготвеност, кои ќе бидат достапни за НАТО.

Во заедничкиот резервен состав сојузниците ќе располагаат со дополнителни 30 големи поморски единици, 30 тешки или средни маневарски баталјони и 30 кинетички ескадрили, кои ќе бидат подготвени за акција за 30 или помалку денови.

ВСЕЛЕНА

Признавајќи дека Вселената е високо динамична и брзорастечка област, која е од голема важност за координирана одбрана на  Алијансата, се согласуваме да развиваме Вселенска политика на НАТО.

ПОДОБРЕНА КОМАНДНА СТРУКТУРА

Ќе формираме Оперативен центар за кибер просторот со седиште во Белгија за да обезбедиме координација на оперативните операции на НАТО, Единстевн центарот на заедничката команда во Норфолк во САД, со цел да ги заштитиме трансатлантските комуникациски линии и Единствена команда за поддршка во Германија, што ќе гарантира слобода на функционирањето и одржливост во оддалечените области… низ Европа и пошироко.

МИСИЈАТА ВО ИРАК

Започнуваме мисија во Ирак за невоена обука и изградба на потенцијал на одбрана на ирачката Влада и за понатамошна поддршка на напорите за стабилизирање на земјата.

Како што јави ТАСС, во Завршниот документ од форумот на 23 страници се посочува и дека во случај на хибриден напад Северноатлантскиот совет може да донесе одлука за активирање на Членот 5 од Вашингтонскиот договор, исто како во случај на вооружен напад. 

Во декларацијата се повикува Руисја да ги повлече своите сили од суверените територии на Молдавија (Придњестровје), Украина (Крим и сеператистичките територии) и Грузија (Абхазија и Јужна Осетија).

Освен тоа земјите членки се обврзуваат да ја ослободат Алијансата од зависноста од оружјето од советско и руско производство.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top