Goal.com: Пандев најдобар играч на неделата

Најпознатиот фудбалски портал на планетата Goal.com, го прогласи нашиот најдобар фудбалер за играч на неделата..

Пандев навистина импресионираше во последно време, наметнувајќи му се на новиот тренер во Наполи, Рафа Бенитез откако успеа да постигне три гола за својот тим.

Пандев беше прецизен против Галатасарај, Арсенал и Порто. Како што пишува Goal, со оглед на тоа што Бенитез изрази желба да донесе во тимот двајца напаѓачи откако Кавани замина во ПСЖ, изгледите на Пандев за иднината во Наполи не беа добри.

Но, затоа пак на Пандев „му тргна“ во последните мечеви и успеа да постигне по еден гол на последните четири пријателски мечеви на Наполи.

Дури и Бенитез изјави дека Пандев „сега е подобар играч, одошто кога беше во Интер“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top