Годините се само бројка - Пандев e најдобар стрелец на Џенова оваа сезона

Капитенот на сениорската репрезентација на Македонија, Горан Пандев иако од пред неколку денови има полни 37 години, одигра клучна улога во опстанокот на Џенова во Серија А..

Популарниот „гранде Пандев“ е пред крајот на кариерата, но тоа не го спречи да биде најдобар стрелец на „грифоните“ во тешката сезона со девет погодоци. Репрезентативецот на Македонија иако е многу повозрасен од своите колеги во нападот, со неколку клучни голови беше „алфа и омега“ за Давиде Никола, но и претходно под Тиаго Мота и Андреацоли. 

Пандев серијата голови ја започна со Бреша на крајот од октомври, а продолжи во два наврати со Удинезе и по еднаш со Лече, СасуолоРомаКаљариМилан, и СПАЛ.

Втор стрелец на Џенова во тековната сезона беше искусниот дефанзивец Доменико Кришито со осум, додека Санабрија даде шест погодоци. Покрај деветте голови, Пандев уште три пати им асистираше на соиграчите. 

Иако можеби планот на струмичанецот беше да се пензионира откако ќе и помогне на Џенова да остане во елитата, сепак уште една важна цел за него е играњето со Македонија на Европското првенство кое поради коронавирусот беше одложено за следната сезона. 

Селекцијата на Македонија предводена токму од капитенот Горан Пандев ќе игра полуфинален бараж дуел против Косово на осми октомври, а финалниот меч пред Европското првенство е закажан за 12 ноември. 

Извор: Гол.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top