Голем граѓански протест за правда денеска од 18 часот

ВМРО-ДПМНЕ со народот излегува на улица. Од партијата истакнуваат дека ќе се маршира против неправдата, за да се упати порака за почитување на правдата и да се спротистави на кршењето на Уставот и законите..

Маршот започнува во 18 часот од Обвинителството на Кејот на Вардар до Врховниот суд.

Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција ги повика сите граѓани од сите националности и убедувања да им се приклучат на протестот, бидејќи, како што порача, ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев.

Иако сите надлежни молчат, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема. Повикувам на граѓански протест утре со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.

Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев.

Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН!, рече Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top