Голем концерт на Марјан Коцев во Скопје

Концертот ќе се одржи во Македонската Опера и Балет со почеток во 20:00 часот..

Естрадниот уметник Марјан Коцев на 29-ти Март ќе одржи голем концерт „Сите мои песни“.

Концертот ќе се одржи во Македонската Опера и Балет со почеток во 20:00 часот.

Пратечки оркестар ќе биде познатиот оркестар „Дрим Тим“, а специјални гости на концертот ќе бидат популарната фолк дива Анета Мицевска со група „Молика“.

Марјан Коцев и  Анета Мицевска и се добро познати на дијаспората и се најпосакуваните естрадни ѕвезди во Австралија.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, не пропуштајте го овој концерт со вашето присуство ќе ја поткрепите Македонската музика.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top