Голем пад на производството на автомобили во Јапонија

Иако Јапонија не воведе строги рестриктивни мерки за борбата против коронавирусот, јапонската автомобилска индустрија забележа голем пад на производството..

Официјални податоци за април месец покажуваат дека во оваа земја остварен е пад на производството од 46% во споредба со април минатата година.

Така минатиот месец Toyota, Honda, Nissan, Subaru и останатите јапонски производител на домашен терен произведоле само 412.500 автомобили.

Голем пад е забележан и во поглед на глобалното производство на јапонските производители. Така во април осумте јапонски производители произвеле само 916.200 автомобили што е пад за 60,9%.

Тоа се должи пред се во падот на побарувачката на нови автомобили во останатите земји од светот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top