Голем пожар беснее во Калифорнија, евакуирани 100,000 луѓе

Најмалку 100 000 луѓе се евакуирани, а речиси половина милион останаа без електрична енергија поради големите пожари што беснеат во американската сојузна држава Калифорнија, пренесуваат светските агенции..

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба поради големите шумски пожари кои проголтаа и голем број објекти. Пожарот кој синоќа изби на површина од 1600 хектари преку ноќ мина преку два автопати и еден меѓудржавен пат и стигна до северните населби на Лос Анџелес. Овие патишта се затворени поради густиот чад.

Временската прогноза засега е неповолна. Се најавува силен ветер кој се стравува дека дополнително ќе го прошири пожарот.

Минатата година голем шумски пожар го пеплоса градот Парадајз во Калифорнија при што загинаа 80 луѓе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top