Голем пожар во југо-источниот дел на Мелбурн

Пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот што избувнал во фабрика во југо-источниот дел на Мелбурн/.

Службите за итни случаи биле повикани на ул. Хилтон во Јужен Данденонг околу 7 часот ова утро, по извештаите за густиот чад што се шири од индустриска зграда.

Две лица спиеле во внатрешноста на зградата кога избувнал пожарот, а двајцата избегале од фабриката што не била осигурана.

Околу 50 пожарникари остануваат на местото на пожарот, за кој се верува дека започнал во блиската фабрика за килими.

Се проценува дека пожарот веќе запалил имот вреден приближно 1 милион американски долари.

Извор: 9news


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top