Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 19 луѓе

Во голем пожар во југозападна Кина загинаа најмалку 19 луѓе, пренесуваат светските медиуми..

Стотина пожарникари се испратени како засилување во борбата со огнот, како и поради евакуација на околните жители. Според информациите, огнот избил на фарма и брзо се проширил на околните планини поради силниот ветар.

Подрачјето кое било зафатено од пожарот во провинцијата Сечуан е слабо населено, но нема проценки колку луѓе се евакуирани од загрозената зона.

Државните медиуми пренесуваат дека се загрозени села, училишта, хемиска фабрика и други места.

Претставник на градот рекол дека еден од загинатите бил водич, а останатите се пожарникари.

Започната е итна евакуација, а над 300 професионални пожарникари и уште 700 полицајци се испратени на помош.

Агенцијата „Синхуа“ јави дека уште 885 пожарникари од други градо во Сечуан распоредени се во Ксичанг, заедно со 42 пожарникарски возила, шест водоводни системи и голема пожарникарска опрема.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top