Голем удар за Барса: Најмалку еден месец без својата ѕвезда поради повреда

Градското дерби против Еспањол, фудбалеро на Барселона, Жерард Пике ќе го памети по голот, но и незгодната повреда која што ја заработи..

Пике настрада по сударот со напаѓачот на Еспањол, Морено, а првите информации велат дека поради повредата на коленото ќе паузира најмалку еден месец.

Тоа значи дека 31-годишниот дефанзивец со сигурност ќе го пропушти првиот меч од 1/8 финалето во ЛШ против Челзи, но и дуелите против Валенсија во Купот, но и Гетафе, Еибар, Гирона и Лас Палмас во Примера.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top