Голем удар за Кристијано Роналдо: Мајка му се бори за живот

Мајка му на Кристијано, Долорес повторно се бори против ракот..

Долорес Авеиро, мајката на фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо се наоѓа во нова животна борба. Повторно и се вратил ракот на дојката кој го победи во 2007 година кога го имаше за првпат овој проблем.

Таа деновиве пристигна во Италија да го прослави 35. роденден на својот син и да му пржи поддршка по наводите за силување, а воедно ја откри и шокантната вистина.

„Ја оперирав и втората дојка во Мадрид, одев на зрачење и сега се борам за живот“ изјави Долорес за португалската телевизија и додаде дека се уште не знае дали ќе има втора операција.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top