Голема полициска акција во Карпош, се апсат осомничени за пукањето во хотелот „Александар палас“

Во тек е голема полициска акција за апсење на лицата кои учествуваа во престрелката во „Александар Палас“..

Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со автомати, а секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.

Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имаше пукање од огнено оружје. Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“. Според информациите од МВР, завчера вечерта, додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

Од МВР се уште не излегуваат со официјални информации за приведени осомничени лица за нападот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top