Големата цел на Рашфорд за новата сезона

Манчестер Јунајтед има само минимални шанси да ја освои првата шампионска титула по пауза од седум години, но затоа Маркус Рашфорд има една голема цел пред себе..

Таа е да постигне 20 гола што беше негова амбиција уште кога стана стандарден првотимец. Истото го изјавуваше и лани, но ја заврши сезоната едвај со 15 гола.

„Сега сум многу подобро подготвен, имав долг одмор, за разлика од претходните години кога постојано учествував на младински или сениорски репрезентативни првенства. Би сакал да ја достигнам границата од 20 гола“, изјави Рашфорд.

Јунајтед во моментов е на подготовки во Австралија, а сезоната во Премиер лигата почнува за нешто помалку од еден месец.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top