Големата дилема за неделното дерби кај Ливерпул - Маркус Рашфорд!

Манчестер Јунајтед вечерва оствари победа и пласман во следната фаза од ФА Купот, но најмногу што ги интересира и интригира нивните навивачи е дали всушност повредата на Маркус Рашфорд е сериозна..

На Манчестер Јунајтед им претстои дерби следниот викенд, „ѓаволите“ гостуваат кај вечните ривали Ливерпул, кои се на добар пат да ја освојат својата 19-та титула или 1ва во новиот формат на натпреварување во Премиерлигата.

Токму поради тоа, Солскјер реагираше на пресконференцијата по натпреварот, околу тоа како се чувствува Рашфорд.

„Тој доби удар и неможеше да трча. Ќе тестираме во следните неколку денови па ќе видиме, се надевам дека ќе биде океј за неделниот дерби меч“, порача Солскјер.

Инаку, Рашфорд влезе на терен вечерва против Волвс во 64. минута, а мораше да ја напушти играта во 80. минута.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top