Големи битолчанки кои несебично помагаат и донираат: Марина Христов

„WOMAN – World Organisation for Macedonian Awareness & Networking“ и нашата сограѓанка од Австралија, Марина Христов во Македонија имаат голем број на донации, последната беше за Хуманитарната Организација „Утешител“ од Битола..

Дали би можеле да ни кажете нешто повеќе за вас?

Родена сум во Битола. На 14 годишна возраст, јас и моето семејство се преселивме во Австралија. Кога наполнив 17 години “им најавив” на моите родители дека тој континент не ги исполнува моите соништа, па решив да се преселам во Франција. После неколку месеци во Париз и сплет на околности ми се отвори видикот за изучување на Источната Медицина. Се вратив назад во Австралија, завршив два факултета ( Традиционална Кинеска Медицина – Акупунктура и Хербална медицина и фармакологија). После тоа отидов да работам и живеам во Кина, една година. По моето враќање, го направив првиот скромен, но премногу значаен чекор отворајќи свој клинички центар кој започна со работа само со една мала канцеларија во центарот на Мелбурн.

Покрај вашите активности во WOMAN, вие имате и успешен бизнис во Австралија?

•Имам огромна среќа последните 20-тина години да го работам тоа што најмногу го сакам. Човековото тело го гледам како најсофистицираната микро креација која во себе ги крие тајните на универзумот. За да се допре до коренот на една болест, треба да се разбери динамиката и комплексноста на секој организам. Тоа значи дека треба да се разбери поврзаноста помеѓу сите нивоа и истата да се насочи во правец на здравје и хармонија. “Приказната” на секој пациент е уникатна и тоа за мене секогаш претставува предизвик. Но сепак, универзалните потреби на секој поединец се воглавно, исти. Симптомите секогаш претставуваат “аларм” преку кои телото ни предочува дека се движиме во погрешна насока и е сигнал дека треба нешто да промениме. Мојата задача е да му помогнам на пациентот да ја разбери пораката на својата болест и како истата, да ја искорени.

Која е филозофијата на „The House of Life“ ?

• Куќата на Животот е место кое нѐ поттикнува да се самоспознаеме и да сфатиме дека здравјето не е само отсуство/ немање на симптоми, туку е состојба на виталност и висока ментална, емотивна и духовна енергија, која ако е во хармонија ни овозможува да го достигнеме нашиот вистински потенцијал.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top