Големи пожари низ западот на САД, повеќе од 30 загинати и десетици исчезнати

Повеќе од 30 лица загинале во пожари што го зафатија западниот дел на Соединетите држави, соопштија властите..

Десетици луѓе исчезнаа само во Орегон. Во Орегон, Калифорнија и Вашингтон веќе три недели беснеат пожари. Досега се уништени милиони хектари земја, како и илјадници куќи.

Според ББЦ,десетици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Поради големата концентрација на чад предизвикана од пожарите, Портланд, најголемиот град во Орегон, бележи најлош квалитет на воздухот во светот, веднаш зад него според загаденост на воздухот се Сан Франциско и Сиетл.

Во Орегон, каде се активни 16 големи пожари, на околу 40 000 луѓе им беше наредено да се евакуираат.

Службите за итни случаи во Орегон објавија дека пожарите во оваа држава однеле 10 животи, но се стравува дека бројот на жртвите е поголем.

Пожарите, кои ја разоруваат северна Калифорнија од 18 август, се најлошите и најголемите во историјата.

Најмалку 22 лица загинале во државата Калифорнија од 15 август, а голем број луѓе се водат како исчезнати.

На десетици илјади луѓе им е наредено да се евакуираат, а 14.800 пожарникари учествуваат во гаснење на околу 28 големи пожари во оваа американска држава.

Во државата Вашингтон пожарникарите се борат со 15 големи пожари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top