„Големиот брат“ од вселената: Сателити ќе скенираат и ќе ловат дилери, криумчари и пирати…

“Pathfinder” ќе може да детектира радио сигнали над 1 ват, а пред да се загрижите дека можеби некој ќе ве прислушкува, од “HawkEye 360” тврдат дека сигналите на мобилните телефони се многу послаби и не допираат до вселената..

“SpaceX” планира во вселената да испрати цела флота на сателити кои што ќе бидат задолжени за скенирање на Земјата и фаќање на пирати, криумчари и дилери ширум светот. Ако пројде се според планот до 19-ти ноември кога компанијата на Маск во вселената ќе ја лансира ракетата “Falcon 9”, ќе започне реализацијата на мисијата “SSO”.

Иако “SpaceX” не е автор на мисијата, туку зад тоа стои компанијата “Spaceflight Industries” токму лансирањето на “Falcon 9” е пресудно за почетокот на мисијата.

Најважниот дел е наречен “Pathfinder” и станува збор за три вселенски летала со големина на една микробранова печка. Нивна задача ќе биде следење на радио сигналите на Земјата од вселената. Стартапот “HawkEye 360” кои што го дизајнираа леталото, има развиено и софтвер кој се темели на вештачка интелигенција кој што ќе ги идентификува радио сигналите и ќе ги класифицира на различни бродови и летала.

Тоа на големо би можело да им ја олесни работата на полицијата и разните агенции во фаќањето на „црните бродови“, односно на бродовите кои што поради занимавање со незаконски активности ги исклучуваат своите ГПС системи.

Ако се пројде како што е планирано, “HawkEye 360” планира да испрати уште пет сетови од по три сателити кои што би можеле да ги фаќаат и слабите сигнали како оние што ги емитираат радио апаратите во камионите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top