Големиот кратер Вулф Крик настанал пред 120.000 години

Научници од повеќе универзитети во Австралија и САД, утврдија дека кратерот Вулф Крик, којшто се образувал по паѓањето на метеорит тежок 14.000 тони, во денешна Западна Австралија, настанал пред 120.000 години..

Новите сознанија говорат оти тоа се случило подоцна, отколку што се сметаше досега. Стручните лица претходно претпоставија дека судирот настанал пред 300.000 години.

Метеоритот бил широк 15 метри, а кога се судрил со Земјината површина со брзина од 17 километри во секунда и образувал кратер длабок 178 метри и широк 892 метри. Во илјадалетијата потоа, кратерот бил пополнет со песок, па длабочината денес изнесува 50 метри.

Претходни истражувања покажаа оти олку големи кратери како Вулф Крик се создаваат, во просек, еден на секои 13.000 години, а помалите – оние со ширина од околу 150 метри – на секои 500 години, според претпоставките.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top