Гонзалез: Вардар никогаш не се предава, веруваме самите во себе

Шпанскиот стратег на клупата на Вардар, Раул Гоназелз по драматичниот меч со германскиор првак, по кој „црвено-црните“ стигнаа до реми, беше релативно задоволен..

„Она што го предвидовме и се оствари, да се игра со Рајн Некар Левен е најтешката работа што може да ви се случи. Секако дека сме задоволни со бодот, никогаш не се предававме и верувавме во себе. Останавме непоразени, задоволни сме, важно е што сме први во групата“, изјави Гонзалез.

Веќе следниот викенд Вардар го очекува нов тест во ЛШ, последен за годината, а противник е тимот на Кристијанштад.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top