Google дава 25 милиони долари за AI решение за светските проблеми

Google стартуваше светска кампања со која сака да го поттикне развојот на вештачка интелигенција која ќе реши некои од светските проблеми..

AI Impact Challenge е натпревар на кој можат да се пријават сите кои имаат идеја како со помош на вештачка интелигенција за ги решат проблемите врзани за животната средина, здравството или зачувувањето на природата. Најдобрите проекти кои ќе ги изберат експерти Google ќе ги финансира со 25 милиони долари.

Како пример како веќе се користи вештачката интелигенција за решавање проблеми од Google ја наведуваат анализата на фотографии од шума и идентификација на делови на кои се гледаат шумски пожари. Желбата им е да создадат вештачка интелигенција која нема да биде пристрасна или ќе има предрасуди кон одредени катгории луѓе.

Стартувањето на оваа иницијатива на глобално ниво е последица на одлуката на Google да се дистанцира од користење вештачка интелигенција за производство на оружје. Колку за потсетување, на почеткот на јуни од Google објави дека се повлeкува од соработката со американската војска и во понатамошниот развој на вештачката интелигенција ќе ги користи своите етички принципи. Тие опфаќаат одбивање работа на вештачка интелигенција која намерно би ги кршела нормите на приватноста во проектите за надзор, како и кај проектите кои кршат меѓународни закони или човечки права.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top