Google се согласи да и плати на Франција речиси милијарда евра казна

Google се согласи да плати речиси милијарда евра на француските властги за да биде прекината истрагата за фискална измама , покрената пред четири години..

Оваа вонсудска нагодба би можела да биде правен преседан за другите големи технолошки компании кои работат во Франција.

Француските истражители се обидуваат да откријат дали Google, со седиште во Даблин, избегнал да ги плати давачките кон државата со тоа што не ги пријавуваше сите свои активности во земјата.

Google се согласи да плати казна од 500 милиони евра и и уште дополнителни даноци од 465 милиони евра, се вели во соопштението на технолошкиот гигант.

Google, дел од конгломератот „ Alphabet “, плаќа мала сума на данок во повеќето европски земји, бидејќи речиси целата продажба е пријавена во Ирска. Ова е можно благодарение на дупката во меѓународното законодавство за данок, но зависи и од персоналот во Ирска кој ги склучува сите договори за продажба.

„Договорот дозволува решение за сите претходни спорови“, рече адвокатот на Google ,Антонин Леви на судското сослушување во Париз.

Износот на данокот што ќе го плати е помалку од 1,6 милијарди евра што ги побара министерството по претресот во канцелариите на Google во  Париз во 2016 година. Во тоа време, министерството ја отфрли можноста за договор со компанијата.

Министерот за буџет Жералд Дарманин за весникот „Ле Фигаро“ денеска  изјави дека спогодбата ќе постави правен преседан и оти се водат разговори со неколку други компании, но тој не сакаше да открие за кои компании станува збор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top