Гордата мајка Благица Калева победи на Фолк Фест „Валандово 2018“

Валандовчанката од Струмица, Благица Калева е победник на 33-от фестивал на македонски новосоздадени песни „Фолк Фест Валандово 2018“, со песната „Горда мајка“.

Автор на музиката е пејачот Горан Тодоровски, аранжманот е на Дејан Миленковски, а текстот на струмичанецот, професорот Ице Беличев. Благица и авторскиот тим освоија парична награда од 1500 евра и статуетка златна калинка. Наградата ја врачи градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Ова се добитниците на награди на годинашното издание на „Фолк Фест Валандово“:

Награда за најдобар дебитант: Филип Божиновски

Награда за најдобар аранжман: Мартин Вучиќ

Награда за најдобра интерпретација: Мерима Његомир

Трето место (88 поени) - „За нас“ - Благоја Грујовски

Второ место (100 поени) - „Умирам по тебе“ - Филип Божиновски

Прво место: (108 поени) - „Горда мајка“ - Благица Калева



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top