''Горната'' Македонија на долниот ''Бугарин''

После осамостојувањето, демократија за Георгиевски беше Македонците да се декларираат за Срби и за Бугари.

После осамостојувањето, демократија за Георгиевски беше Македонците да се декларираат за Срби и за Бугари, потоа следеше “размената на територии и население“ во договор со странски премиер на државата Србија, ја обвини Македонската Црква за паганизам затоа што сонцето било грчка пропаганда, а сега не му е проблематична ниту промената и на државното име Македонија во “Горна“ или “Северна“ ерга омнес, по барање на Атина

Старо правило е: повторувањето е мајка на знаењето. Ако стопати повторена лага станува вистина, имаме обврска да ја повторуваме вистината, за тоа да не стане стопати повторената лага!

Или, ако на некои идиоти не им одговорите и на тоа јавноста не ја потсетите, ве следи коментарот, да беа во право нешто ќе речеа. Штом молчат, не им се чисти математиките.

И затоа, за волја на вистината, да се потсетиме...

На Љубчо Георгиевски на времето му сметаше буквата “п“ во неговото име, па си го смени со “б“ и од Љупчо стана Љубчо. Сега не му смета смена на името на државата за да ги обезличи сите Македонци, тој веќе си е Бугарин по “потекло“ и државјанство. Софиски врховист со тапија, обвинет за велепредавство, со кривична пријава без епилог кај јавното обвинителство, неудостоена ниту со одговор “се отфрла“.

На прашањето за државното име, во интервју за порталот ПРЕСС24 на 1 октомври 2013 година, Љубчо Георгиевски вели:

“Треба да се направи компромис! Треба да бидеме храбри, треба да бидеме цврсти, затоа што апсолутно не е ништо драматично во целата ситуација... Оочигледно тоа нема поддршка, меѓутоа дали имаше српската влада поддршка во она што го направи со Косово? Немаше поддршка! Значи, одговорни политичари го решија проблемот. Јас постојано велам и тука, во моето последно интервју за 24 часа, се сеќавам, тоа беше мојот последен јавен настап, не, тоа беше претпоследниот, сега ми е последен, нели, кажав, решението што го донесе српската влада е десетпати потешко од она што ние треба да го донесеме. Тие се откажаа од реална историја, се откажаа од реална територија и се откажаа од 100.000 жив народ. Ние се откажуваме од нешто, како да кажам, што е повеќе форма отколку содржина. Школски пример ни беше српската влада. Значи, таа беше таа која ја даде иницијативата, таа ги форсираше разговорите, едноставно рече, сега ние ќе пресечеме и одиме напред. Тоа, за жал, не го гледам од македонската влада. Од македонската влада во сите овие години имам чувство дека се води политика, купуваат време до одреден циклус, после знаеме дека следува пауза, па пак доаѓа некој циклус. Значи, сега го чекаат времето до октомври, го купуваат времето до октомври, па после ќе го чекаме времето таму април мај наредниот извештај. Значи, му приоѓаат на проблемот баш онака рутински, да помине еден извештај, па ќе го чекаме новиот извештај. Не се однесуваат кон проблемот, како, тој е најсериозниот проблем на македонската држава, веќе не би можел да речам две децении, но барем последните шест седум години, е најсериозниот проблем кој треба да се реши. Состојбите се јасни, Грците, повторно ќе кажам, нели, од нивната позиција на злоупотреба велат, еднаш, значи првата позиција беше, воопшто да нема Република Македонија, ја сменија таа позиција. Втората позиција да биде од типот Славомакедонија, Новамакедонија, ја сменија и таа позиција. И сега одат на географска додавка што сметам дека е најблагата варијанта и можеби најбезболното решение за сите нас, и велат од тоа нема да попуштиме... Картата е кај нас. Едноставно треба да го направиме компромисот. Она што се предлози од типот “Република Горна Македонија“ или “Република Северна Македонија“ за мене не е ништо драматично!“

Но, да се потсетиме што кажа Љубчо Георгиевски и на 28 мај 2010 година во интервју со новинарот Васко Ефтов во емисијата “Во центарот“ на ТВ-КАНАЛ5:

“Македонскиот народ е во суштина пројугословенски народ и мислам граѓаните на Македонија македонската држава ја чувствуваат како товар а не како нешто што им доаѓа од срце. Основната поента на Македонија е да се има самостојна и независна македонска држава, а за тоа како граѓаните во таа држава ќе се определуваат, дали Албанци, дали Турци, дали Власи, дали Срби, Бугари, тоа е прашање на демократските принципи. Од 1990-та па до 2002-та година кога јас заминав, можам слободно да ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија на бугарофиоли. Слободно можам да ви кажам дека две-третини од членовите на Извршниот комитет перманентно биле т.н. бугарофили, 50% од членовите на ЦК биле т.н. бугарофили. Идејата за самостојна и независна држава, како што и во рамките на Османлиската империја ја покренале т.н. македонски бугарофили, така и 90-та година беше истиот проблем. Јас од 1990 година во Македонија сум разговарал, сум се среќавал со илјадници бугарофили, стотици од нив се јавни личности, многу од нив и денес се во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тие бугарофили не плачат за Бугарија. Проблемот е во толкувањето на македонската историја. Македонски бугарофил е човек кој вели дека е дел од македонската нација и јазик. Но, од интелектуални причини не сакам некој да ме лаже дека македонската и бугарската нација не биле една нација! Тие имаат друга свест за македонската историја. 99% од тие што беа спомнувани во медиумите како бугарофили, и беа бугарофили. Идејата за самостојна независна Македонија е фундирана преку Гоце Делчев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Ванчо Михајлов! Тоа е самостојна Македонија! Кога некој ќе ми каже дека Тодор Александров и Ванчо Михајлов биле македонски Бугари, а Гоце Делчев и Даме Груев што биле? Ние не можеме да живееме со фалсификати во нашата историја. Македонската нација денес е варијанта на српската нација! Македонскиот народ денес не сака сопствена македонска држава! Македонскиот народ најсреќен ќе беше да останеше во Југославија! Во раните 90-ти години, кога се формираше ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше партија која се бореше против србоманството на СДСМ и против пројугословенството. Денес парадокс е, што таа рејугословенизација на Македонија ја прави партијата што јас сум ја создал! Тоа за што сум ги обвинувал СДСМ, денес го прави ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Со кадрите не ми оди работата. Судирите од 1990 па до крајот во ВМРО се лични, никогаш не биле на релација македонисти - бугарофили. Проблемот на идентитетот е шпекулација и манипулација со македонските граѓани. Ние секогаш треба да сме македонска нација и македонски јазик. Името е сосема друго прашање. Тезата за Александар Македонски е дело на грчката пропаганда во Македонија. Ние постојано влегуваме во некои работи, де сакаме да крадеме од Грците, де сакаме да крадеме од Бугарите, де сакаме да крадеме од Албанците, од Србите не крадеме, најкомпатибилни сме со нив! Не можеме со таа историја да продолжеме! На Македонија и се случува нова рејугословенизација на македонската нација. Груевски е носител на тој процес!“

Од бугарски врховист, стана бугарски државјанин со декларација дека е Бугарин по потекло! Се осојузи со исто-одродните душмани против Македонија! Стана другарче со Спаска Митрова од Гевгелија, Здравко Здравковски од Прилеп, Зоран Вранишковски од Битола... Не е чудо што Љубчо Георгиевски е во сојуз со Бранко Црвенковски, Зоран Вранишковски, солунскиот митрополит Антимос, Каролос Папуљас, Јоргос Караџаферис, Божидар Димитров... Таман си се... Кај овие душмани нема идеологија за Македонија, кај нив основа за сојуз е омразата и задачата од наредбодателите против Македонија! Да ја нема Македонија, та и Македонците!

Ама, Македонија е држава и тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Ќе ги сотреме неоврховистите, одродниците и велепредавниците, платениците и квислинзите! И покрај нивните најцрни сценарија за Македонија! Гемиџиите не биле Индијанци туку Македонци, нели?! А, народот, народот повеќе никогаш нема да им даде власт на тие кои заговараат промена на државното име и го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија: георгиевци, црвенковци, вранишковци... Амин!

Пишува Тодор ПЕТРОВ


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top