Гости од Света Гора, Бугарија, Грција и Албанија се поклонија пред моштите на Свети Јоаникиј

Свештеници, монаси и монахињи од Грција, Бугарија и од Света Гора биле гости на чинот на канонизација на Светиот Јоаникиј Ракотински, што Синодот на МПЦ-ОА денеска го изврши во Соборниот Храм во Скопје..

Според информациите на Религија.мк денеска во Скопје била група монахињи од Клисурскиот манастир во Бугарија. Меѓу нив било и монашкото сестринство на монахињата Таиса, кои во 2005 година го напуштија Вранишковски и заминаа во Бугарската Православна Црква кај Митрополитот Дометијан, кој минатата недела почина. Покрај монахињите од Македонија во групата имало и монахињи од Бугарија.

На чинот на канонизацијата присуствувал и отец Матеј од Митроплијата во Бер на Грчката Православна Црква, која поседува и честица од моштите на Светиот Јоаникиј.

Религија.мк дознава дека во Скопје денеска во Соборниот Храм гостин бил и монах од манастир на Света Гора, каде исто така се почитува делото на Јоаникиј ракотински.

На канонизацијата свој претставник имала и Албанската Православна Црква. Според нашите информации тоа бил отец Тодиј.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top