Готово е - Алегри си оди од Јувентус

Масимилијано Алегри ја работи последната сезона како тренер на Јувентус, тврди неговиот ментор Џовани Галеоне..

Такво нешто можеше да се претпостави бидејќи Кристијано Роналдо е негова последна шанса. Ако ја освои титулата во Лигата на шампионите, ќе си замине затоа што ги исполнил сите цели, а ако не ја освои, ќе си оди поради тоа што не успеал.

„Без оглед како ќе заврши Лигата на шампионите, неговата авантура со Јувентус е готова. Минатото лето одби понуди од Арсенал, Челси, Јунајтед и Реал само за да се обиде последен пат да ја освои ЛШ“, изјави Галеоне.

Алегри е тренер на Јувентус од 2014 година и досега освои четири титули, а на пат е да дојде и до петтата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top